Израел во име на преговорите да ги замрзне градителските активности

Меѓународните преговарачи за Блискиот исток го повикаа Израел да ја „замрзне“ активноста околу изградбата на населби додека тие се обидуваат да го покренат преговарачкиот процес со палестинците. Овој повик е упатен од денешниот состанок во Москва на Четворката за Блискиот исток, на кој присуствуваат Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, шефовите на дипломатиите на САД и Русија, Клинтон и Лавров и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Бан ки Мун изјави дека очекува израелско палестински договор во рок од две години. Израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху, пак во предвечерието на оваа средба, го информирал Вашингтон за новите мерки за доверба по тензиите во источен Ерусалим како последица на најавата за изградба на нови домови за израелците.