Тадиќ ќе присуствува на самитот само ако се почитува резолуцијата за Косово

Српскиот претседател Борис Тадиќ по разговорот со словенечкиот премиер Борут Пахор го повторил ставот дека учеството на Србија на престојниот Самит зависи од третманот што ќе го добие Косово пренесува новинската агенција Бета. Тадиќ побара присуството на косовскиот претседател на регионалната конференција да виде во склад со резолуцијата на Обединетите Нации. Регионалната конференција е закажана за 20 –ти март и ја организираат Словенија и Хрватска за забрзување интеграциите на Балканските земји во Европската Унија.