Барселона и Бордо во четвртфиналето

Фудбалерите на Барселона и на Бордо се последните четвртфиналисти во Лигата на шампиони. Во реванш натпреварите од осминафиналето синоќа Барселона убедливо го победи Штудгарт со 4-0, а Бордо го совлада Олимпијакос со 2-1. Жрепката за четвртфиналните двојки ќе биде одржана утре напладне во швајцарскиот град Нион.