Поранешниот тајландски премиер има црногорски пасош

Црногорската полиција денеска соопшти дека поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра кој е обвинет за корупциски афери се наоѓа во Црна Гора. Полицијата соопшти дека тој од Дубаи дошол во Црна Гора пред неколку дена и поседува црногорски пасош. Црногорските власти не објасниле како жител на Тајланд добил државјанство на балканска земја, пренесуваат новинските агенции. Шинаватра е симнат од власт пред неколку години со државен удар и оттогаш живее во странство за да избегне затворска казна.Неговите следбенициво Тајланд веќе неколку дена протестираат. Денеска демонстрантите пред домот на актиелниот премиер Абхисит Веџаџива, истурија шишиња со своја крв.