Интер и ЦСКА во четвртфиналето на Лигата на шампиони

Фудбалерите на Интер и ЦСКА од Москва се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во реванш натпреварите од осминафиналето синоќа Интер, за кој до 70- та минута играше и Горан Пандев, како гостин го совлада Челзи со 1-0, додека ЦСКА победи во Севиља со 2-1. Вечер реванш средбите ги играат Барселона- Штудгарт и Бордо- Олимпијакос.