Молдавија ќе стане полноправна членка на Енергетската заедница

Молдавија утре официјално ќе пристапи кон Енергетската заедница.Македонскиот министер за економија Фатмир Бесими во функција на претседавач со Енергетската заедница ќе го потпише протоколот во Виена заедно со молдавскиот министер за економија, Валериу Лазар.Со проширување на енергетската заедница се очекува зајакнување на регионалниот пазар на енергија ии заедничка соработка од земјите во регионот.