Авганистанската влада соопшти дека Претседателот Хамид Карзаи за перспективите на мировните разговори со Талибанците имал видео телефонски разговор со американскиот Претседателот Барак Обама. Во соопштението се вели дека двете држави и Меѓународната заедница имаат "единствен став" за разговорите. Обама и Карзаи, исто така, разговарале и за регионална соработка, борба против корупцијата,како и за мерките во Авганистан за одржување транспарентни парламентарни избори во септември 2010.