Официјални преставници на Пакистан соопштија дека од беспилотно американско летало е стрелано во Северен Вазиристан, при што биле убиени 10 милитанти, а неколкумина биле ранети. Некои од убиените биле странци – термин кој се користи за припадници на Ал Каеда од Централна Азија или арапи. На таков начин беа убиени високи лица во хиерархијата на талибанците и Ал Каеда. Пакистан бара од Соединетите Држави да добие такви летала за свои потреби.