Турски воен брод во грчки води јужно од Атина

Воена корвета на турските воено-поморски сили е зебележана кај Сунион, нај јужната точка на полуостровот Атика, пишува грчкиот весник „Та неа“.
Турската корвета минала меѓу Сунион и островот Кеа, јужно од Атина и потоа се упатила кон север во Егејското море кон Дарданелите.
Според весникот, присуството на корветата во грчките води предизвикало загриженост во Атина каде што тоа се оценувало како нова форма на провокација од турска страна. „Та неа“ додава дека ова е 11-та провокација на турските воено-поморски сили од 7 ноември 2009 година и шестта оваа година.