Тенис - Мечот Пакистан - Нов Зеланд нема да се игра во Лахоре

Меѓународната тениска федерација реши Девис Куп мечот во Азиско – Океанската група меѓу Пакистан и Нов Зеланд наместо во Лахоре да се одржи во Нов Зеланд во Јули или на неутрално место. Одлуката е донесена поради безбедносни причини. Во Лахоре во петокот беа убиени над 50 луѓе.