Прогноза за времето- променливо и малку потопло

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во северните делови. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер, кој во текот на ноќта ќе се менува во северен ветер. Утринската температура се движи од минус четири до три, а дневната ќе биде од седум до 16 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и малку потопло, со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 12 степени.