Јеремиќ: Мирно и диполоматски на европски начин ќе се решава проблемот со Косово.

Србија се надева дека ќе го реши својот проблемот со Косово во рамките на интеграцијата на балканскиот регион во Европска Унија. Ова денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ по вчерашната средба со неговиот португалски колега Луиш Амаду. Јеремиќ додаде дека Србија ќе работи за мирно и дипломатско решавање на прашањето.