Пукано врз куќата на градоначалникот на Штрпце

Непознати напаѓачи во текот на изминатата ноќ пукале врз куќата на градоначалникот на Штрпце Братислав Николиќ, а во нападот немало повредени. Тој на локалните избори што ги организираа властите во Приштина, одржани во ноември лани, беше избран за градоначалник на Штрпце во кое живеат 70 насто Срби и 30 насто Албанци и припадници на другите заедници.