Грузија - Затворски казни во Манастири

Грузиското Обвинителство и претставници од Грузиската Православна Црква, постигнаа договор со кој им овозможува на некои од затворениците да ги до отслужат казните во црквените манастири. Со тоа, според властите, затворениците ќе вршеле „општествено важна работа." Овој потег бил дел од владината политика за либерализација на кривичен прогон и дефинирање нови методи на ресоцијализација на затвореници.