Европа да не се уплаши од Западен Балкан.

Ситуацијата поврзана со барањата за азил по визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, подобра контрола, начини и мерки за превенција, како и спречување на оваа појава, со цел да не се загрози европската иднина на овој регион, беа темите на кои разговараа на денешната средба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ во Скопје. Јанкулоска и Дачиќ информираа дека станува збор за против законско однесување на неколку туристички агенции од јужна Србија и од Македонија против кои се изречени одредени мерки и казни.Целта е како што рече Дачиќ, Европа да не се уплаши од Западен Балкан