Нема американски предлог за решавање на прашањето за името, изјави заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за националната телевизија ЕРТ. „ Ние на Претседателот Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон ,за време на средбите во Вашингтон, им ја нагласивме позицијата „ерга омнес“ - сложено име со географска одредница“. – изјави Друцас.
Прашан дали се разговара само за разликите околу името или и за други прашања како што се идентитетот и јазикот, Друцас рече дека Грција разговара согласно мандатот на ОН а тоа е изнаоѓање заедничко прифатливо решение со нашатата соседна земја“