Посилен притисок врз милитантите кои извршија напади во Мумбаи

Американските конгресмени во Поткомитетот за Блискиот Исток и Јужна Азија побараа од Претседателот Барак Обама да изврши притисок врз Пакистан за посилна акција против милитантите на Лашкар-е-Таиба.
Оваа група е обвинета за нападите во Мумбаи во 2008 година при што загинаа над 100 луѓе.