Ивица Дачиќ во Македонија

Заменик- претседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој ќе престојува во посета на земјава, ќе разговара со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за соработката на српската и македонската полиција. Тема на разговорите ќе биде и проблемот на се поголемиот број азиланти од овие две држави во западноевропските земји.