Во новиот извештај за човекови права Стејт Депарментот заклучува дека многу влади низ светот ги кршат човековите права. Во годишниот извештај се забележани алармантен број на податоци за тортура и убиства. Во документот забележана е и тенденцијаната на некои влади да воведат нови есктремни ограничувања за невладините организации како и суров третман врз активистите за човекови права, дискриминација и прогон на верска, расна или етничка основа. Иран е наведена како една од државите која ги крши елементарните човекови права. Како пример во документот се посочуваат претседателските избори кога загинаа над 45 луѓе и се уапсени илјаднициa потоа и протестите во декември по изборите во кои иранската полиција уапси илјадници луѓе. Во извештајот се наведени и кршењето на правата на жените, етничките и религиозни малцинсвта и ограничен пристап на луѓето до информации. За нехумано однесување во извешајот посочена е и Украина, каде се заведени се примери за антисеминизам, односно како што се вели во извешатјот за насилство врз луѓе со „ несловенски изглед“. Трговијата со луѓе е уште еден од серизен проблем со кој се соочува Украина. Годишниот извештај на Стејт Департментот се прави за секоја земја поединечно.