Јанкуловска апелираше да се вратат азиланти

Македонската министерка за внатрешни работи , Гордана Јанкуловска апелираше денеска да не се злоупотребува визната либерализација за барање азил во западноевропските земји. Таа додаде дека и оние кои тоа го направиле треба да се вратат во Македонија во законскиот предвиден рок со кој е дозволен престој во Шенген зоната односно за 90 дена.