Папандреу во Вашингтон ја повторил грчката позиција за името

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу потврдил дека на средбите во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама и со државниот секретар Хилари Клинтон станало збор за прашањето за името. Во изјавата за новинарите на крајот од посетата, како што пренесуваат грчките медиуми, Папандреу не изнесол детали од разговорите, но посочил дека пред Обама и Клинтон ја претставил грчката црвена линија за заедничко прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба. Американците, според Папандреу, ја разбрале грчката позиција и ги поддржале напорите за решавање на проблемот.