Бугарскиот премиер бара отповикување на претседателот Праванов

Владејачката партија во Бугарија сака да го отповика претседателот Ѓорги Праванов бидејќи го објавил разговорот кој го имал со министерот за финансии. Премиерот Бојко Борисов изјавил дека со објавувањето на разговорот на претседателскиoт веб-сајт, претседателот го прекршил уставот на земјата. Претседателот и министерот минатата недела разговарале за коментарите кои министерот за финансии ги дал за претседателот во една емисија на телевизија.