Азилантите од Белгија се враќаат дома

Белгиското биро за странци соопшти дека над 40 македонски и српски семејства од албанско етничко потекло, кои во Брисел бараа политички азил, доброволно тргнаа од Белгија кон своите домови.Во соопштението е наведено дека за доброволците е обезбеден бесплатен автобуски превоз и можно е кон крајот на неделата да биде испратен уште еден автобус со азиланти.