САД ќе повлечат 570 војници од Косово во следниве 2 месеца

Соединетите Држави во следните два месеца од Косово ќе повлечат 570 војници, во рамки на реконструкцијата на КФОР, јавуват денеска приштинските медиуми. „До крајот на мај, на Косово ќе има околу 830 американски војници во Повеќенационаната борбена група „Исток“, изјави капетан Дан Марфи од прес службата во воената база „Бондстил“, кај Урошевац, и додаде дека тој број војници е сосема доволен за извршување на задачите.Во моментов, според Марфи на Косово е стабилно.
По завршувањето на војната, во 1999 година, во составот на американските мировни сили имаше околу 7.000 војници, најмногу од сите учесници во КФОР. КФОР на Косово сега има околу 10.000 војници, распоредени во пет мултинационални борбени групи.