Летерм: последниве денови нема барања за азил

Белгискиот премиер Ив Летерм вчера во Приштина изјави дека изминатите денови речиси немало барања од жители на Македонија и на Србија за добивање политички азил во Белгија. Од кога се состанавме со премиерите Цветковиќ и Груевски, драматично се намали бројот на луѓето кои се пријавиле за политички азил во Белгија, истакна Летерм на прес-конференцијата по средбата со премиерот на Косово Хашим Тачи. Тој повтори дека во Белград и во Скопје бил јасен и порачал оти за добивање политички азил во Белгија, луѓето од Македонија и од Србија имаат мошне мали шанси или воопшто ги немаат.