Папандреу задоволен од реакцијата на Обама

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави синоќа дека американскиот претседател Барак Обама позитивно реагирал на европските идеи за решавање на буџетската и должничката криза во Грција. Папандреу додаде дека на средбата во Белата куќа на Обама му ги изложил европските предлози, како и дека тоа прашање ќе биде една од темите на наредниот самит на Групата 20 во јуни.