Амбасадорката на Белгија во Србија, Денис Де Хауер престојува денеска во Бујановац, каде што со претставниците на политичките партии на албанците разговара за проблемот со азилантите. Целта е да им се објасни на жителите во тој регион дека Белгија нема да ги одобрува барањата за азил од економски причини.