Жбогар: Словенија нема да го спори влезот на Хрватска во ЕУ

Словенија веќе не сака да стои на патот за прием на Хрватска за членство во Европската Унија. Ова го изјави шефот на дипломатијата на Словенија, Самуел Жбогар. Тој по неформалниот сосотанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија рече дека смета оти сите отворени прашања со Хрватска може да бидат решени пред затворање на преговорите за членство во Унијата.