Бан Ки Мун во Чиле

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска пристигна во посета на погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес и цунамито што пред една недела го погодија Чиле. Во текот на престојот тој ќе разговара со властите во Чиле за хуманитарните напори и за санирање на ситуацијата во таа земја. Во земјотресот од 8,8 степени според Рихтер загинаа над 800 луѓе.