Невработеноста во САД 9,7 насто

Стапката на невработеност во Соединетите Држави и во февруари останала непроменета 9,7 насто, што се оценува како сигнал дека американскиот пазар на труд заздравува. По ваквата информација доларот на светските берзи порасна за околу 1 насто. Аналитичарите превидуваа дека невработеноста во февруари ќе биде 9,8 насто.