НАТО денеска соопшти дека овој месец ќе спроведе неколку воздужни воени вежби над балтичките земји.Потполковникот Томас Дилшнајдер изјави дека од 17 до 20 ти март Француски, полски и американски воени авиони ќе прелетуват над Латвија, Литванија и Естонија.Тој додаде дека овие вежби треба да покажат солидарност со балтичките членови на НАТО. Овие три земји се приклучија кон алијансата пред 6 години и ни една од нив нема нема такви авиони за исполнување на задачи од тој вид.