Филипини: Азилантите нема да влијаат врз визната либерализација

Холандскиот амбасадор во Македонија, Симон Филипини изјави денеска дека не очекува зголемениот број на азиланти од Македонија во Белгија да предизвика последици за визната либерализација за македонските граѓани. Таа додаде дека визната либерализација е веќе завршена работа и не очекува да има рестрикции за патувањето на македонските граѓани во шенген зоната. Филипини им порача на сиромашните граѓани да не ги им веруваат на оние што сакаат да заработат на нив ветувајќи им азил.Taa на Владата и препорача да спроведе сериозна кампања за да ги предупреди и информира луѓето за условите според кои може да се користи визната либерализација.