Караџиќ пред Хашкиот трибунал

Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ денеска го продолжува излагањето на неговата стратегија за одбрана пред Хашкиот трибунал за воени злосторства. Тој се соочува со 11 точки од обвинението за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото во текот на босанскиот конфликт. Вчера Караџиќ изјави дека босанските Срби само се бранеле од муслиманската агресивност. Тој, по 13 години во бегство, беше уапсен во Белград во јули 2008 година. Утре пред Трибуналот треба да се појави првиот сведок на Хашкото обвинителство.