Бомбашки напади во Авганистан

Авганистанските власти соопштуваат дека во два различни бомбашки напади во јужниот дел на земјата загинаа најмалку 6 луѓе. Целта на едниот напад бил конвојот на НАТО а на другиот напад полициската станица во Кандахар.Меѓу загинатите е еден војник на НАТО и еден полицаеац.При двата напада ранети се најмалку 16 цивили.