Чилеанската морнарица задоцнила со предупредувањето за цунами

Министерството за одбрана на Чиле оцени дека државната морнарица направила грешка со тоа што веднаш не излегла со предупредување за цунами по земјотресот што ја погоди таа земја. Агенциите јавуваат дека над 700 луѓе загинале во земјотресот со интензитет од 8,8 степени, од кои повеќе од 300 луѓе во рибарските села покрај брегот загинале погодени од земјотресот и од цунамито. Министерството за одбрана на прес конференција соопшти дека морнарицата ја потврдила својата грешка. И покрај предупредувањата за цунами, викендов само помали бранови минаа низ Хаваи, Австралија, Јапонија и Русија.