Во Хаг започна процесот против Здравко Толимир за геноцид во БиХ

Во Хашкиот трибунал денеска започна процесот против поранешниот генерал на босанските Срби Здравко Толимир. Според обвинителот, Толимир бил е еден од најблиските соработници и човек од доверба на генерал Ратко Младиќ, кој е баран од Судот за воени злосторства. Толимир е обвинет за геноцид и воени злосторства во врска со масакрот врз босанските Муслимани во Сребреница и Жепа.