Папандреу во Берлин, па во Вашингтон

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на 5 март ќе престојува во посета на Берлин, по покана од германскиот канцелар Ангела Меркел, официјално е соопштено во Атина. Меркел вчера ја поздрави одлуката на грчката влада, заедно со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд да биде разгледана ситуацијата во државата и, доколку биде потребно, да се преземат дополнителни стабилизациски мерки. Претходно, во Атина беше соопштено дека Папандреу добил покана на 9 март да ја посети Белата куќа што се толкува како политичка поддршка за Грција.