Инагурација на Јанукович за претседател на Украина

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува на инагурацијата на новоизбраниот претседател на Украина, Виктор Јaнукович. Јанукович треба да положи свечена заклетва како четврти претседател на Украина. Во меѓувреме продолжува политички спор со неговиот ривал, премиерот Јулија Тимошенко. Јанукович ќе ја положи заклетвата во присуство на повеќе претседатели на странски држави , министерот за надворешни работи на ЕУ, Кетрин Ештон, советникот на американската национална безбедност Џејмс Џонс, и претседател на рускиот парламент Борис Гризлов