Конференција за развој на Дунавскиот регион

Лидери и министри на државите членки на ЕУ, денеска во Будимпешта ќе одржат состанок, на кој ќе разговараат за економскиот и еколошки развојот на Дунавскиот регион. Конференцијата е дел од Стратегијата на Брисел, за Дунавскиот регион, која минатата година ја отвори Советот на Европа , а треба да биде усвоена во март 2011 година. Со оваа Стратегија се опфатени 14 земји членки на ЕУ, но и земји кои не се членки како Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина , Црна Гора, Молдавија и Украина.