Напад во Кандахар

Авганистанската полиција сопшти дека денеска двајца луѓе на мотоцикл застрелале едно официјално лице во Кандахар. До убиството на Абдул Маџид Баби, шеф за информирање во Кандахар, доаѓа во моментот на голема офанзива на силите на НАТО против талибанските милитанти во соседната провинција Хелманд.