Полиција околу куќата на Ратко Младиќ во Белград

Околу куќата на хашкиот обвиненик Ратко Младиќ на Баново брдо во Белград се наоѓа полиција, јави белградското радио Б92. Потрагата по него почнала утрово околу осум часот. Според соседите во неговата куќа се наоѓал неговиот син Дарко. Последната голема акција на потрага по Ратко Младиќ се случи во октомври минатата година во околината на Нови Сад. Ратко Младиќ, бивш командант на боснаксите срби, е обвинет за геноцид и воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина.