Делегација на ЕУ во Тирана

Делегација на Советот на Европа е во официјална посета на Албанија, јавува новинската агенција МИА. Делегацијата во Тирана на поединечни средби разговарала со претставници на државниот врв. Причина за официјалната посета на делагацијата е да изврши притисок врз лидерот на владечката партија Сали Бериша и на лидерот на опозициската партија Еди Рама да ја надминат неколку месечната политичка криза по ланските парламентрарни избори , известува агенцијата.