Таџикистан важен за мирот во Авганистан

Американскиот пратеник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук во Душанбе изјави дека Таџикистан е земја од голема важност за обезбедување мир во Авганистан. Тој по средбата со претседателот Емомали Рахмон прецизира дека Таџикистан е важна земја поради етнички и стратегиски причини со оглед на неговата долга граница со Авганистан. Вчера Холбрук престојуваше во Узбекистан, а претходно и во Киргизстан.