Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Рим ќе учествува на состанок на шефови на дипломатии од десничарските партии, членки на Европската народна партија. Тема на собирот е евроатлантскиот интегративен процес како стабилизирачки фактор во Источна и Југоисточна Европа, а ќе стане збор и за ситуацијата на Балканот и во Украина. ЕНП е најголема парламентарна група во Европскиот парламент. Во неа членуваат 74 партии од 38 земји, меѓу кои и ВМРО ДПМНЕ.