Европа без американско нуклеарно оружје

Портпарол на белгискиот премиер денеска изјави дека европските НАТО сојузници ќе побараат од американскиот претседател Барак Обама да го повлече преостанатото нуклеарно оружје од Европа. Портпаролот додаде дека заедничкото барање од Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Норвешка, ќе се однесува на арсеналот од времето на Студената Војна, но не и на модерниот британски и француски арсенал.