Гризлов против билборди со Сталин

Претседателот на државната дума во Русија, Борис Гризлов ги критикува московските власти поради плановите за поставување билборди со ликот на Сталин, во рамки на одбележувањето на 65-тата годишнина од крајот на Втората светска војна. Гризлов е претседател и на врховниот совет на партијата на премиерот Владимир Путин, Нова Русија.Против овој план протестираат и активистите за човекови права. Овие контроверзии ја зголемуваат загриженоста дека европските лидери ќе го откажат присуството на прославата во Москва на 9 мај. Последните истражувања покажуваат дека Русите го сметаат Сталин за еден од нивните петт најголеми идоли.