Европската Банка за обнова и развој ќе и даде на Србија кредит од 150 милиони евра

Европската Банка за обнова и развој денеска и одобри на Србија кредит во вредност од 150 милиони евра за да подобри гасната инфрастуктура. Поголемиот дел од парите Србија треба да ги потроши за изградба на подземна инафраструктура за пренесување на природен гас во северниот дел на земјата. Досега европската банка за обнова и развој има инвестирано над 1,5 милијарди евра во 90 проекти во Србија.