Турк:И Македонија и Грција треда да ги зајакнат напорите за изнаоѓање решение

И Македонија и Грција треба да ги зајакнат напорите за да го решат спорот .Ова денеска му го кажал словенечкиот претседател, Данило Турк на одвоена средба на македонскиот претседател, Ѓорѓи Иванов по инагурацијата на хрвтскиот претседател, Иво Јосиповиќ, јавува словенечката агенција СТА.Агенцијата известува дека на средбата Тирк и Иванов разговарале за македонско – грчкиот спор.