Брамец:Во Србија има политичка волја за апсење на Ратко Младиќ

Главниот Хашки обвинител, Серз Брамерц изјави денеска дека верува дека Ратко Младиќ се крие во Србија , но додаде дека сега постои поголема политичка волја за негово апсење. Брамец истакна дека приликите за негово апсење се пропуштени затоа што кога биле познати локациите каде Младиќ се криел, не постоела политичка волја за негово апсење.