Инаугурација на новиот хрватски претседател

Денеска во Загреб ќе се одржи инаугурација на новоизбраниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ. На настанот се очекува да присуствуваат повеќемина лидери на држави од регионот, со исклучок на српскиот претседател Борис Тадиќ, кој го откажа присуството поради тоа што на церемонијата ќе се појави претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. На настанот во Загреб ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.